сабота, ноември 21, 2026
Дома МАГАЗИН ВИ го решила еден од најголемите математички проблеми? Математичар тврди дека ја...

ВИ го решила еден од најголемите математички проблеми? Математичар тврди дека ја докажал Римановата хипотеза – загатка стара повеќе од 160 години

0

Американскиот математичар Левент Алпеге – кој е специјализиран за теорија на броеви и аритметичка статистика и работи како дел од техничкиот кадар во корпорацијата за вештачка интелигенција „Антропик“ (Anthropic) – објави дека, со помош на чет-бот заснован на вештачка интелигенција, ја докажал познатата Риманова хипотеза, која се однесува на зачестеноста и распределбата на простите броеви.

Според весникот „Гардијан“ (The Guardian), Алпеге изјавил дека поминал околу шест недели користејќи го чет-ботот „Клод“ (Claude) – поточно, верзија која не е достапна за јавноста – за да состави детален доказ за овој математички проблем.

Римановата хипотеза претставува математичка претпоставка која се однесува на распределбата на нетривијалните нули на Римановата зета-функција; таа била формулирана од германскиот математичар Бернхард Риман во 1859 година, во труд посветен на простите броеви.

ИЗДВОЕНИ