Вештачката интелигенција „оживеа“ загинат маж во сообраќајка за да му се обрати на својот убиец на суд

149

Кристофер Пелки, кој загина во сообраќајна несреќа пред речиси четири години, „се појави“ пред судот во Аризона да му прости на својот убиец преку дигитална симулација со помош на вештачка интелигенција создадена од неговото семејство, објави денеска „Њујорк пост“.

Верната дигитална симулација на Кристофер Пелки, кој беше застрелан од Габриел Хоркаситас во 2021 година во Чендлер, Аризона, САД, се обрати пред судницата во понеделникот во, како што се верува, првиот случај на вештачка интелигенција што се користи за давање изјава на жртва во судска постапка, објавија локалните медиуми.

„На Габриел Хоркаситас, човекот кој ме уби, му велам: штета е што се сретнавме тој ден под тие околности. Во друг живот, веројатно би можеле да бидеме пријатели“, рече вештачки реконструиран Пелки во преполната судница.

ИЗДВОЕНИ