сабота, октомври 10, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Верстапен победи на спринт-трката во Сингапур

Верстапен победи на спринт-трката во Сингапур

0
Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Верстапен ја обезбеди победата на спринт-трката на патеката „Марина Беј“ – и освои осум нови бода – со време од 39:48,162 секунди.

Возачите на Ферари ги зазедоа второто и третото место. Луис Хамилтон го освои второто место и седум бода, завршувајќи со заостанување од 2,591 секунда, додека Шарл Леклер заврши трет, освојувајќи шест бода.

Кими Антонели (Мерцедес) го зазеде четвртото место (пет бода), возачот на РБ, Лијам Лосон, заврши петти (четири бода), а Оливер Берман (Хаас) го обезбеди шестото место (три бода).

Нико Хулкенберг (Ауди) освои два бода за седмото место, додека последниот бод му припадна на актуелниот светски шампион Ландо Норис (Мекларен), кој заврши осми.

Меѓу другите, возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, и Оскар Пјастри од Мекларен не успеаја да ја завршат трката.

Расел ја загуби контролата врз болидот во првиот круг и удри во заштитната ограда, додека трката на Пјастри заврши во последниот круг по судирот со неговиот тимски колега, Ландо Норис.

Антонели продолжува да води во генералниот пласман со 325 бода. Расел е втор со 236 бода, додека Хамилтон е трет со 221 бод.

Квалификациите за Големата награда на Сингапур се одржуваат денес во 15:30 часот, а почетокот на трката е закажан за в недела во 14:00 часот, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ