Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, повторно зборуваше за новите правила што стапија на сила оваа сезона. Тој беше најгласен за новите болиди, велејќи дека сето ова е „антитрка“ и дури дека „Формула е на стероиди“. Во една изјава, тој малку ги исплаши навивачите, бидејќи спомена дека би можел да се пензионира наскоро. Сепак, сè негираше со своите последни изјави, велејќи дека нема намера да ја напушти Формула 1.

  • Не сакам да си заминам, но се надевам и дека ќе биде подобро. Разговарав со Формула 1 и ФИА и мислам дека се движиме кон нешто, нешто што ќе поправи сè – рече Верстапен.

ИЗДВОЕНИ