Венгер го понижи Манчестер Јунајтед за сите пари

2066
epa11540135 Arsene Wenger, FIFA Chief of Global Football Development, attends the Gold medal match between France and Spain, of the Soccer competitions in the Paris 2024 Olympic Games, at the Parc des Princes stadium in Paris, France, 09 August 2024. EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Уште една катастрофална сезона е зад Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се на 15. место во Премиер лигата, но Рубен Аморим би можел да освои трофеј по само неколку месеци во клубот.

Јунајтед го елиминира Атлетик (Б) и обезбеди пласман во финалниот натпревар од Лига Европа. „Црвените ѓаволи“ за противник ќе го имаат лондонскиот премиерлигаш Тотенхем кој во полуфиналето беше подобар од Бодо Глим.

Така, тим со очајна сезона би можел да профитира од Лига Европа и со освоениот трофеј да стигне до Лигата на шампионите.

За легендарниот Арсен Венгер вакво нешто воопшто не е фер. Французинот не крие дека би ги променил правилата на УЕФА и не би дозволил Јунајтед или Тотенхем да и донесат на Англија шести претставник во ЛШ.

“Тоа не е фер. Тие треба да добијат место во Лига Европа, а не во ЛШ. Зошто? Затоа што Премиер лигата веќе има пет клуба во ова натпреварување. Тоа е нешто за што УЕФА треба да размисли и да размисли што дозволува”, изјави поранешниот менаџер на Арсенал и додаде:

„Од друга страна, луѓето ќе ви кажат дека ЛЕ мора да биде интересна и да биде мотивирачко натпреварување и дека тоа е награда што треба да се додели“.

Манчестер Јунајтед и Тотенхем дефинитивно ќе ги фрлат сите карти за освојување на ЛЕ. Трофејот им носи многу, особено на финансиски план бидејќи ЛШ е поинаква димензија во споредба со се друго.

Двата тима веројатно ќе го имаат најлошиот финиш во Премиер лигата од нејзиниот почеток. Најнискиот пласман на Јунајтед дојде минатата сезона кога беше осми, додека Тотенхем беше на 15-то место во втората сезона од нивното создавање.

 

ИЗДВОЕНИ