Виктор Вембањама важи за една од најголемите млади ѕвезди во светскиот спорт, но има јасна граница кога станува збор за заработката. Ѕвездата на Сан Антонио спарс категорично ја отфрли можноста некогаш да биде амбасадор на компанија за спортско обложување. На прашањето дали би прифатил богат договор од оваа индустрија, тој имаше краток и јасен одговор.

  • Апсолутно не. Никогаш нема да го направам тоа – порача Французинот.

Тој призна дека го растажува кога гледа како други кошаркари го промовираат спортското обложување.

  • Секој прави што сака, но јас не сум дел од тоа – додаде Вембањама.

Неговиот став доаѓа во време кога сè повеќе НБА-ѕвезди соработуваат со компании од овој сектор. Меѓу нив се Леброн Џејмс, Кевин Дурант и Јанис Адетокумбо, кои имаат различни партнерства со платформи за спортски прогнози и обложување. Сепак, Вембањама јасно порача дека, без оглед на финансиската понуда, нема да биде дел од таа индустрија.

 

ИЗДВОЕНИ