Францускиот кошаркар Виктор Вембањама ја освои наградата за најкорисен дефанзивен играч на НБА. Интересно е што тој е првиот играч во историјата што ја има освоено наградата едногласно, при што сите 100 новинари гласаа за него, добивајќи максимум 500 гласа.
Со оглед на тоа колку се плашат неговите ривали од него, оваа награда не е изненадување, а, исто така, бележи и 3,6 блокади на натпревар, најмногу во целата НБА-лига.
Затоа тој е еден од тројцата финалисти за наградата за најкорисен играч, МВП, заедно со Никола Јокиќ и Шеј Гилџус-Александар. Токму поради неговиот придонес во одбраната, многумина веруваат дека треба да биде „крунисан“ со ова големо признание.











