вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Велика Британија го зголеми нивото на закана од тероризам: „Нападот е многу...

Велика Британија го зголеми нивото на закана од тероризам: „Нападот е многу веројатен“

36

Нивото на закана од тероризам во Велика Британија беше зголемено од „значајно“ на „сериозно“ во четврток, што значи дека нападот е „многу веројатен“ во следните шест месеци, соопшти Заедничкиот центар за анализа на тероризмот (JTAC).

Одлуката доаѓа еден ден по нападот со нож во лондонскиот Голдерс Грин, но и во услови на поширок пораст на заканите од исламистички и крајно десничарски тероризам, кои доаѓаат од поединци и помали групи во земјата, соопшти британската влада на својата веб-страница.

Министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд изјави дека нападот од среда е „гнасен чин на антисемитски тероризам“ и рече дека владата ќе стори сè што може за да ја заштити еврејската заедница и да се бори против антисемитизмот.

Таа додаде дека владата ќе го зголеми финансирањето за безбедноста на еврејските заедници, вклучувајќи дополнителни 25 милиони фунти (околу 30 милиони евра) за полициско работење и заштита на синагоги, училишта и центри на заедницата.

Вкупното финансирање за оваа намена оваа година ќе достигне 58 милиони фунти (околу 68 милиони евра), што е најголемата инвестиција досега, а дел од парите ќе бидат насочени и кон проширување на програмата „Проект Серватор“, која вклучува распоредување на специјално обучени полицајци во заедниците.

„Владата денес објави значително зголемување на инвестициите во заштитата на нашите еврејски заедници, со рекордно финансирање за полициско работење и безбедност во синагоги, училишта и центри на заедницата. И ние ќе направиме сè што е во наша моќ за да го ослободиме општеството од злото на антисемитизмот“, порача Махмуд синоќа.

ИЗДВОЕНИ