Вечерва се распадна германската владејачка коалиција

3552
Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германската владејачка коалиција се распадна вечерва откако канцеларот Олаф Шолц најави дека ќе го смени министерот за финансии Кристијан Линднер поради несогласувањата околу економиските реформи.

Кризните преговори во коалицијата на партијата на Шолц, СПД, на Зелените и на ФДП на Линдер го достигнаа врвот откако ФДП објави документ со барања за либералните економски реформи на кои другите две партии тешко би се согласиле.

Во текот на драматичниот состанок на челниците на трите партии во средата вечерта, Линднер му рече на Шолц дека не гледа начин за продолжување на коалицијата и го повика по втор пат на предвремени избори.