Конклавата за избор на нов папа започнува денеска, а белиот чад ќе значи дека папските избори се завршени. Во пресрет на овој значаен настан за црквата беше објавена снимка од Систинската капела, која беше реновирана по повод овие избори.
Во Систинската капела, каде што ќе се гласа за новиот папа, поставени се големи маси, а на секоја од нив има молитвеник, список на кардинали и нивните биографии.
Има конец и топчиња кои ќе означат колку гласови добил секој кардинал.
Може да се види и „Собата на солзите“, каде се чуваат одеждите за папата, каде што ќе оди новоизбраниот папа по изборите.
За време на изборите сите камери се исклучени, а на мобилните телефони нема сигнал. Гласачките кардинали не смеат да ја напуштат капелата додека не завршат изборите.
Постапката е таква што за избор на нов папа потребна е поддршка од две третини плус еден глас од сите присутни кардинали.
Во пресрет на конклавата, кардиналите ја одржаа својата последна Генерална конгрегација во Ватикан, каде што се согласија дека реформите иницирани од папата Франциско мора да продолжат.
– Папа, односно градител на мостови и пастир, учител на човештвото и лице на Самаританската црква. Папа кој во време на војна, насилство и длабока поларизација е знак на милост, синодалност и надеж – беше пораката на кардиналите.