сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Вашингтон пост: Русија планира исцениран атентат врз Орбан пред унгарските избори, со...

Вашингтон пост: Русија планира исцениран атентат врз Орбан пред унгарските избори, со цел да го поддржи

151
EPA/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT

Руската служба за надворешно разузнавање (SVR) наводно разговарала за планови за влијание врз унгарските избори, вклучително и организирање обид за атентат врз премиерот Виктор Орбан, со цел да се зголеми поддршката за Орбан, според интерен документ добиен од европските безбедносни служби, објави денес „Вашингтон пост“ (WP).

Пред парламентарните избори во Унгарија во април, единица на руската SVR минатиот месец изрази загриженост за намалувањето на поддршката на Орбан.

Во интерен извештај на SVR, оперативците предложија драстични мерки наречени „пресвртни точки“, вклучително и можноста за „организирање обид за атентат врз Виктор Орбан“ со цел „фундаментално да се промени парадигмата на изборната кампања“, објави WP.

ИЗДВОЕНИ