Ракометарите на Вардар во дербито од 7. коло од плеј-офот во Суперлигата вечерва убедливо го совладаа актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со 34:19.
Битолчани го отворија натпреварот и поведоа со 1:0, но потоа следуваше целосна доминација на „црвено-црните“. Вардарци брзо го презедоа водството и до крајот на мечот не му дозволија на ривалот да се врати во игра.

На полувремето домашниот тим имаше сигурна предност од 18:12, а во вториот дел дополнително го засили темпото и со нова серија стигна до двоцифрена разлика. Вардар целосно го надигра Еурофарм Пелистер во сите сегменти од играта и на крајот славеше убедлива победа од 15 гола разлика.

















