Руската државна телевизија „Русија 1“ објави список на потенцијални цели за „одмазднички удар“ врз Киев во случај на „прекинување на парадата за Денот на победата“ во Москва на 9 мај. Листата ги вклучува клучните институции на украинската држава, како и бројни странски амбасади лоцирани во самиот центар на главниот град.
Russian television has broadcast potential targets for a "retaliatory strike" on Kyiv if the Moscow parade is disrupted. The list includes the Verkhovna Rada, the government quarter, the Cabinet of Ministers, the Office of the President, and nearby embassies. pic.twitter.com/YXu2cL3eqe
— WarTranslated (@wartranslated) May 7, 2026
Руската телевизија во извештајот графички ги прикажа локациите што Москва ги смета за легитимни цели за одмазда.
„Во случај на провокација, целиот владин округ и Врховната Рада (украинскиот парламент) ќе бидат погодени, од Марински парк до Кабинетот на министри на улицата Грушевски. Врховниот совет на Украина е тука. Во близина се амбасадите на Латвија и Јапонија, малку подалеку на Владимирска 33 е зградата на СБУ, а токму таму е и ерменската амбасада“, рече водителката во програмата во живо.
Извештајот продолжи со нагласување дека би можеле да бидат погодени и западните дипломати.
„Дипломатите од Лондон се наоѓаат на улицата Десјатинаја во најгусто населениот кварт Шевченко во украинската престолнина. Тука се наоѓаат амбасади и претставништва на повеќе од 50 земји во светот. Меѓу нив се Германија и САД. Во центарот на градот, во Јарослав Вал и во близина, се наоѓаат амбасадите на Италија, Канада, Полска, а на улицата Рејтарскаја амбасадата на Франција“, рече водителката.
Константин Книрик, раководител на про-кремљскиот пропаганден портал „Њуз Фронт“, го продолжи извештајот со прецизирање на целите и упатување директна закана до украинскиот претседател.
„Целта на уништување за нас е улицата Банкова, вклучувајќи ги советските згради што ги користел Зеленски, како и бункерот во кој се крие. Дури и да го нема таму, очигледно е дека ако нашиот удар биде успешен и ефикасен, на сите ќе им биде јасно дека сме способни да го достигнеме во кој било друг бункер во кое било време. Индиректна потврда за фактот дека Украина ги сфаќа сериозно нашите предупредувања е тоа што во западна Украина има повеќекратно, нагло зголемување на цената на дневната кирија за станови“, рече Книрик.












