Најтрофејниот македонски ракометн клуб Вардар, ослабен ќе му се спротиставен на францускиот Монпелје, во првиот натпревар од четвртфиналето на Европската лига на ЕХФ.
Вардарци, вечерва ќе бркаат позитивен резултат без своите најдобри бекови оваа сезона. Украинецот Дмитро Хориха и Словенецот Јака Малус, останаа во Скопје и нема да им помогнат на своите соиграчи на ова гостување. Украинскиот бек поради вирус не е во форма за настап, додека Малус се повреди на натпреварот со Алкалоид.












