четврток, ноември 12, 2026
Дома СВЕТ Еден се сруши пред Макрон, другиот по него: Драма во Елисејската палата,...

Еден се сруши пред Макрон, другиот по него: Драма во Елисејската палата, ГАРДИСТИ ИТНО ПРЕНЕСЕНИ ВО БОЛНИЦА/ВИДЕО

11

Двајца припадници на почесната гарда ненадејно изгубиле свест пред францускиот претседател Емануел Макрон. Инцидентот се случил на 11 ноември, за време на работната посета на словачкиот претседател Петер Пелегрини на Париз. Додека се наоѓале во Елисејската палата, двајца гардисти се онесвестиле.

Еден од гардистите прво го спуштил својот меч, се занишал и паднал, а Макрон и неколку други присутни веднаш притрчале да му помогнат. Само неколку моменти подоцна, истото му се случило и на вториот гардист.

„Што по ѓаволите се случува?“ – прашал некој во близина, најверојатно зад камерата.

Двајцата гардисти биле пренесени во болница. Причината за губењето на свеста, како и нивната моментална здравствена состојба, остануваат непознати. На снимката направена од новинарите јасно се гледа моментот кога паѓа првиот гардист, по што тој е однесен од местото на настанот. Вториот гардист паѓа надвор од кадарот, лево од Макрон, кон самиот крај на видеото.

ИЗДВОЕНИ