четврток, февруари 5, 2026
Дома СВЕТ Украина соопшти кој ќе ја претставува на претстојните мировни преговори во Лондон

Украина соопшти кој ќе ја претставува на претстојните мировни преговори во Лондон

537

На претстојните мировни преговори во Лондон со претставници на САД, Велика Британија и Франција, Украина ќе ја претставува шефот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак, пишува „Суспилне“, повикувајќи се на извор од претседателството.

Во украинската делегација ќе бидат и министерот за одбрана Рустем Умеров, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и заменик-началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Павел Палиса.

Претходната рунда мировни преговори за Украина се одржа во Париз, а на неа присуствуваа претставници на САД, Франција, Велика Британија, Германија и Украина.

Зеленски денеска потврди дека украинска делегација во среда ќе отпатува за Лондон, каде со претставници на САД, Велика Британија и Франција ќе разговара за условите за безусловен прекин на огнот и воспоставување вистински и траен мир.

Како што објави „Блумберг“, американската страна во Лондон би можеле да ја претставуваат американскиот државен секретар Марко Рубио и американските специјални претставници Стив Виткоф и Кит Келог. Американската агенција наведува дека САД сакаат да ги намалат санкциите кон Русија и да ја признаат руската контрола врз привремено окупираните територии на Украина со цел да се стави крај на војната.

Америка ја разгледува и можноста Крим да го признае како руски, пишува „Блумберг“, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ