Цените на угостителските услуги во мај годинава бележат пораст од 2,6 отсто во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
На месечно ниво, односно во однос на април 2026 година, цените се зголемени за 0,1 отсто. Статистичките податоци покажуваат дека трендот на поскапување продолжува и во текот на целата година. Во периодот јануари – мај 2026 година, цените на угостителските услуги се повисоки за 2,9 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Во однос на декември 2025 година, пак, зголемувањето изнесува 0,7 отсто, што укажува на постепен, но континуиран пораст на цените во угостителскиот сектор.












