понеделник, август 31, 2026
Дома СКОПСКА Училиштата „Партенија Зографски“ и „Кирил Пејчиновиќ“ со подобрени услови за учење и...

Училиштата „Партенија Зографски“ и „Кирил Пејчиновиќ“ со подобрени услови за учење и за работа

17

Со нови инвестиции во дигитализацијата, инфраструктурата и училишниот мебел, основните училишта „Партенија Зографски“ и „Кирил Пејчиновиќ“ започнуваат нова училишна година со значително подобрени услови за учење и работа.

Во основното училиште „Партенија Зографски“ фокусот е ставен на современите образовни стандарди преку целосна дигитализација и опремување на просториите. Училиштето доби нова информатичка опрема која вклучува лаптопи, смарт панели, таблети и гигабитни рутери за стабилна интернет мрежа во целиот објект. Дополнително, целосно се заменети клупите и столчињата во одделенската настава (од I до IV одделение), набавен е нов мебел за предметната настава, како и нови шкафчиња за наставниците и техничкиот персонал.

Инвестицискиот бран опфаќа и сериозни зафати во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“. За потребите на учениците набавени се 150 нови столчиња, 75 училишни клупи и катедри, а училниците се збогатени со телевизори и бели табли. Во рамките на овие активности реконструирани и свежо обоени се 7.500 квадратни метри ѕидови во десет училници и соодветните ходници. Како поддршка за семејствата и учениците, обезбедени се и бесплатни ранци со прибор за секое прваче, како и училишни униформи за сите ученици.

Овие вложувања се дел од континуираната стратегија за создавање современа, безбедна и стимулирачка средина во која учениците ќе можат квалитетно да го стекнуваат своето знаење и да го развиваат својот целокупен потенцијал.

 

ИЗДВОЕНИ