понеделник, август 31, 2026
Дома СКОПСКА Училиштето „Петар Поп Арсов“ доби сензорна соба

Училиштето „Петар Поп Арсов“ доби сензорна соба

0

Основното училиште „Петар Поп Арсов“ доби нова сензорна соба, наменета за подобрување на условите за работа и развој на учениците на кои им е потребна дополнителна сензорна поддршка.

Сензорната соба е донација од Здружението на граѓани „Позитиво“ од Скопје, а вкупната вредност на донацијата изнесува 134.997 денари.

-Со оваа иницијатива, просторот е опремен со различни реквизити и дидактички помагала кои овозможуваат стимулирање на сетилата, развивање на моторичките способности и создавање пријатна и безбедна средина за учениците. Посебната просторија има соодветна подлога за дечињата, платнена лулашка, трамболина со  рачка, проектор „Ѕвездено небо“, душек, сензорно огледало “, меки ѕидни панели, графомоторичка табла, прилагодлив тунел и магнетни плочки – соопштија од Општина Карпош.

Оттаму додаваат дека со отворањето на овој простор, училиштето      добива дополнителни можности за реализација на активности прилагодени на индивидуалните потреби на учениците, со цел унапредување на нивниот развој, учењето и благосостојбата.

-Иницијативата претставува пример за значењето на соработката меѓу образовните институции, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор во создавањето поинклузивна и поддржувачка училишна средина – велат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ