четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уапсен Скопјанец кој со „бмв“ удрил во лице на тротинет, а потоа...

Уапсен Скопјанец кој со „бмв“ удрил во лице на тротинет, а потоа и физички го нападнал

114

Во Полициската станица Кисела Вода вчера во 16:00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(32) од Скопје.

Тој околу 11:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, со патничко возило „бмв“ удрил во тротинет кој го управувал З.И.(41) од Скопје, а потоа и физички го нападнал.

По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.

ИЗДВОЕНИ