петок, ноември 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уапсен е скопјанец кој уценувал девојка и ѝ се заканувал дека ќе...

Уапсен е скопјанец кој уценувал девојка и ѝ се заканувал дека ќе испрати експлицитни фотографии на семејството

43

Вчера во 09:50 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(36) од Скопје.

Според полициското соопштение, 36-годишникот бил уапсен по претходна пријава од 29-годишна жена дека истиот ѝ се заканувал дека ќе испрати нејзини слики со експлицитна содржина на членови од нејзиното семејство доколку не му даде пари и има сексуален однос со него.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ИЗДВОЕНИ