Триесет и шестгодишен скопјанец е уапсен од слобода откако пријавила 29-годишна жена дека ѝ се заканувал оти ќе испрати фотографии со експлицитна содржина до членовите на нејзиното семејство доколку не му даде пари и не стапи во сексуален однос со него. Жената го пријавила случајот во полиција, по што на 5 ноември, во 9:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Љ. С. (36) од Скопје во полициската станица Кисела Вода.
Според пријавата, тој ја уценувал жената со закана дека ќе ги испрати нејзините интимни фотографии до нејзиното семејство доколку не ги исполни неговите барања за пари и за сексуален однос. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.












