понеделник, ноември 9, 2026
Дома СВЕТ Уапсен братот на Виктор Орбан, осомничен е за трговија со луѓе

Уапсен братот на Виктор Орбан, осомничен е за трговија со луѓе

0
Фото: X

Арон Орбан, помладиот брат на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, се наведува во објавата на унгарскиот премиер Петер Маѓар на Фејсбук.

Истрагата ја спроведуваат Националната канцеларија за повраток и заштита на имот (NVVH) и Националното биро за истраги (NNI).

Како што пренесува унгарскиот информативен портал 24.hu, полицијата во понеделникот спроведе голема операција во Будимпешта и на неколку локации во округот Пешта. Приведени се повеќе лица, а извршени се и претреси во нивните домови.

Според неофицијални информации, меѓу приведените е и Арон Орбан, чии деловни активности и претходно биле предмет на истрага. Сепак, надлежните органи сè уште не ги потврдиле овие наводи.

Според медиумските извештаи, неговата компанија пријавувала виетнамски државјани на дводневни курсеви за прва помош на Универзитетот во Печуј, што им овозможувало полесно да добијат шенген-визи.

Унгарските медиуми наведуваат дека групата – за која постои сомневање дека има блиски врски со високи политички фигури – им овозможувала на поединци, кои преку нив обезбедиле дозволи за работа и престој, да ги добијат и потребните визи, во замена за паричен надомест.

ИЗДВОЕНИ