среда, август 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Турски државјани изнудувале гостиварец и неговиот син – им земале 44 килограми...

Турски државјани изнудувале гостиварец и неговиот син – им земале 44 килограми злато и имот

20

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Д.(55) и З.Д.(54) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Пријавените, во континуитет, од 2019 до 2026 година, со закани присилиле 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама, при што незаконски, противправно и своеволно им ја пресметале вредноста на златото како стопена суровина, а не како изработени производи со значителна поголема пазарна вредност.

Исто така, пријавените со уцена и заканувачки пораки кон синот и семејството, во текот на февруари 2025 година го принудиле 66-годишникот да потпише преддоговор за купопродажба на недвижен имот, чија содржина не му била прочитана кај нотар во Гостивар.

ИЗДВОЕНИ