понеделник, јуни 8, 2026
Дома МАГАЗИН Туристка ја оштетила фонтаната Нептун во Фиренца поради „венчален предизвик“

Туристка ја оштетила фонтаната Нептун во Фиренца поради „венчален предизвик“

Пјаца дела Сињорија: 28-годишна жена се искачила на ренесансен споменик и предизвикала штета вредна околу 5.000 евра

50

Туристка (28) ја оштети фонтаната на Нептун во Фиренца на Пјаца дела Сињорија, откако се качила на споменикот како дел од, како што е наведено, предизвик пред венчавка, и со тоа направила штета од 5.000 евра.

Инцидентот се случил кога жената ја поминала заштитната ограда и се качила на фонтаната, по што веднаш била отстранета од местото на настанот, пренесе Анса. Според локалните власти, нејзиното однесување предизвикало „мала, но значајна штета“ на уметничко-архитектонскиот споменик, дело на ренесансниот вајар Бартоломео Аманати од 16 век, во вредност од околу 5.000 евра.

Истрагата покажала дека намерата на туристката била да се фотографира и симболично да ги допре деловите на статуата како дел од личен предизвик пред венчавка. При качувањето, таа ги користела структурата на фонтаната и фигурата на коњот како потпора за да избегне влегување во водата.

Експертите од надлежните служби по инцидентот извршиле преглед и потврдиле оштетувања на нозете на фигурата на коњот и на делот од релјефот за кој се држела. Против туристката е поднесена пријава за оштетување на културно-уметнички споменик.

ИЗДВОЕНИ