На бродот имало околу 14 туристи, вклучително со деца и постари лица, кои сите биле ослободени и физички неповредени, но видно вознемирени, рече таа.
Ги спасило локално семејство кое ги пронашло и им помогнало да се вратат во Икитос.
Туристката исто така ја критикуваше агенцијата „Канопи турс Икитос“ која го го организирала патувањето, наведувајќи дека бродот немал ГПС уред ниту јасен план за вонредни ситуации.
Во соопштението објавено во вторникот, „Канопи турс Икитос“ наведе дека инцидентот бил вон нивна контрола и дека е веднаш пријавен на надлежните органи.
Фирмата соопшти дека ги активирала итните протоколи и дека соработува со истрагата, како и дека ги зајакнува мерките за безбедност, вклучително со ГПС надзор и соработка со речената полицика.
И шпанската амбасада во Перу и туристичката агенција не се достапни за коментар.
Иако вооружените грабежи ретко се случуваат во Перу, Стејт департментот на САД ги предупредува своите граѓани да бидат внимателни поради криминалот, граѓанските немири и можни грабнувања во одредени делови од земјата.
ИЗДВОЕНИ

КОЛУМНА, ЗВОНКО ДАВИДОВИЌ: Судството како партиски реверс и обвинителството како немо сведоштво

Кандидатите за членство во Унијата ќе се доближуваат преку системот на „градежни блокови“: Макрон и Мицкоски на маса – Европа со нова понуда за Балканот

Агенциите бараат доплата по 20 евра од патник поради поскапите авионски карти

Факултетот за арт и дизајн – 20 години посветеност, знаење, визија и слободно креативно изразување!








