Големата награда на Сингапур во Формула 1 е прогласена за трка со висок ризик поради екстремните температури, објави Би-би-си. Ова е четврти пат сезонава една трка да добие ваква класификација, по трките во Австрија, Италија и во Бахреин.

Поради опасноста од високи температури, болидите ќе бидат опремени со системи за ладење поврзани со елеците на возачите, кои треба да помогнат во регулирањето на телесната температура во текот на трката.

Статусот за ризик од екстремни горештини се активира кога најавуваат прогнозите температури над 31 Целзиусов степен во одреден момент од трката. Сепак, од Формула 1 велат дека засега нема причина за поголема загриженост.

Сингапур е познат како една од најтешките станици во календарот, бидејќи се наоѓа во близина на екваторот. Иако трката се вози ноќе, температурите често остануваат околу 30 степени, а високата влажност дополнително ги отежнува условите за возачите.

Спринт-трката е закажана за денеска во 11:00 часот, додека главната трка за Големата награда на Сингапур ќе се вози утре од 14:00 часот по средноевропско време.

ИЗДВОЕНИ