Најмалку 10 вработени беа повредени во експлозија на котел во фабрика за пулпа и хартија во јужен Бразил, соопшти компанијата денес.
Бразилскиот производител на пулпа и хартија Клабин во поднесок до берзата соопшти дека ги прекинал операциите во својата фабрика Отачилио Коста во јужен Бразил, објави „Ројтерс“.
Локалниот новински медиум Globo1 објави дека котел експлодирал во фабриката во државата Санта Катарина.












