петок, февруари 13, 2026
Дома СВЕТ Трамп војува со Харвард: Ќе забрани упис на странски студенти ако не...

Трамп војува со Харвард: Ќе забрани упис на странски студенти ако не ги исполнат барањата?

361

Министерството за домашна безбедност на САД објави дека Универзитетот Харвард ќе го загуби правото да запишува странски студенти доколку не ги исполни барањата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Секретарот за домашна безбедност Кристи Ноем вчера објави и откажување на два федерални грантови за Харвард во вкупна вредност од над 2,7 милиони долари, објави Ројтерс.

Ноем испрати писмо до раководството на Харвард, барајќи документација за, како што рече, „незаконски и насилни активности“ на странски студенти во институцијата до 30 април.

Универзитетот „Харвард“ ги отфрли барањата на Трамп, „за возврат“ изгуби 2,2 милијарди долари федерални пари

ИЗДВОЕНИ