Трамп се заканува со нови царини за Канада, вклучително и 250% на млечните производи

698
Фото: PA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Еден ден откако и понуди на Канада едномесечно одложување на царините од 25 отсто за увоз од таа земја, американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани со нови царини за канадската граѓа и млечни производи.

Тој конкретно се осврна на канадската царина од околу 250 отсто за извозот на млеко од САД во таа земја и посочи дека ќе одговори на тоа „долар за долар“, објави Си-Ен-Ен.

„Канада со години ни краде на млечни производи и дрва“, рече Трамп.

По таа закана од царини, берзанскиот индекс Дау Џонс падна за 300 поени или 0,7 отсто, S&P 500 за 0,9 отсто, а Nasdaq за уште 1,2 отсто.

Најавата на Трамп донесе нова доза на нестабилност кај инвеститорите, компаниите и потрошувачите, иако само еден ден претходно, во четвртокот, тој најави одложување за еден месец на сите царини за Канада и Мексико за производите што се во согласност со договорот за слободна трговија.

Ова им донесе големо олеснување на многу економски сектори, особено на автомобилската индустрија и земјоделството, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ