Американскиот претседател Доналд Трамп побара од своите следбеници да гласаат во анкета на платформата X, бидејќи смета дека терминот „вештачка интелигенција“ не е доволно прецизен, па предложи нови имиња за оваа технологија.
Во својата објава, тој истакна дека многумина го сметаат терминот „вештачка интелигенција“ за непрецизен и стилски слаб во споредба со акронимот AI. Трамп смета дека „супериорна интелигенција“ и „екстремна интелигенција“ би биле поелегантни и попрецизни термини, пренесува Klix.
„Многу поелегантен и поточен опис на овој нов феномен би бил ’супериорна интелигенција‘, ’екстремна интелигенција‘ или ’врвна интелигенција‘. Ова е анкета и би ја ценел сечија поддршка преку гласање! Кое е најдоброто име за оваа ’револуција‘ што постојано расте?“ напиша Трамп.
Минатата недела, Трамп се изјасни против забавувањето на развојот на вештачката интелигенција, откако извршните директори на неколку големи технолошки компании се согласија на таков чекор поради безбедносни ризици. Неговото противење произлегува од желбата Америка да остане пред Кина.












