Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека договорот меѓу САД и Саудиска Арабија во врска со цивилна нуклеарна програма ќе биде усвоен само откако Саудиска Арабија ќе ги нормализира односите со Израел преку Абрахамските договори.
„Договорот за цивилна нуклеарна соработка (кој не подразбира материјално збогатување!), склучен меѓу Министерството за енергетика на САД и Саудиска Арабија и кој се однесува исклучиво на невоена употреба – слично на она што Иран, ОАЕ и други земји веќе го имаат – ќе биде одобрен, но неговото усвојување е целосно зависно од тоа дали Саудиска Арабија ќе се приклучи на високо ценетите и успешни Абрахамски договори“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Тој додаде дека САД „не се противат на цивилните нуклеарни објекти (кои не користат збогатен ураниум)“.
Абрахамските договори претставуваат серија договори посредувани од САД кои ги нормализираа дипломатските, економските и безбедносните односи меѓу Израел и неколку арапски и муслимански нации.












