четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Трамп ја трга одговорноста од себе за војната во Иран, „го мести“...

Трамп ја трга одговорноста од себе за војната во Иран, „го мести“ Хегсет да ја преземе: „Ти бараше војна“

341
EPA/WILL OLIVER

Претседателот на САД, Доналд Трамп, зборувајќи на тркалезна маса за борбата против криминалот во Мемфис, ја спомена и војната на Блискиот Исток, истакнувајќи дека министерот за одбрана Пит Хегсет беше првиот член на неговата администрација што се залагаше за воена акција.

„Се јавив на многу од нашите одлични луѓе и реков: „Треба да разговараме. Имаме проблем на Блискиот Исток. Имаме земја наречена Иран, која е извор на тероризам 47 години и е блиску до нуклеарно оружје.“

Во продолжение, во присуство на Хегсет, кого го погледна директно, велејќи: „Пит, мислам дека ти беше првиот што го кажа тоа. Рече: „Ајде да го направиме тоа, бидејќи не можеме да им дозволиме да имаат нуклеарно оружје.“ Сега имаме многу добри разговори. Тие започнаа синоќа и ноќта пред тоа. Мислам дека се многу позитивни. Тие сакаат мир… се согласија да немаат нуклеарно оружје, но ќе видиме. Мора да се реализира тоа. Би рекол дека има многу добри шанси,“ рече Трамп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hindustan Times (@hindustantimes)

САД и Израел започнаа воздушни напади врз Иран на 28 февруари. Оттогаш, американската администрација понуди голем број објаснувања за воена интервенција, а најзначајно е тврдењето за нуклеарната закана што наводно ја претставува Иран.

Сепак, ова тврдење делумно е во спротивност со претходните изјави на Трамп, кога по заедничките напади врз иранските нуклеарни постројки тој рече дека тие се „целосно уништени“.

Тринаесет американски војници и повеќе од 1.300 Иранци се убиени во судирите досега.

Иран одговори со затворање на Ормутскиот теснец, еден од најважните светски патни правци за превоз на нафта.

Овој потег предизвика прекини во снабдувањето и нагло зголемување на цените на енергијата на глобалниот пазар.

ИЗДВОЕНИ