четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Трамп ја поддржа идејата за директен дијалог: Ако се сретнат Зеленски и...

Трамп ја поддржа идејата за директен дијалог: Ако се сретнат Зеленски и Путин, тоа би било одлично

0
Фото: EPA/SAMUEL CORUM / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека би било „одлично“ ако претседателите на Русија и Украина се сретнат и постигнат договор за прекин на конфликтот.

Коментирајќи го отвореното писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски за можна средба со рускиот претседател Владимир Путин, Трамп рече дека ја поддржува идејата за директен дијалог.

„Не знам. Мило ми е што можеби зборуваат за состанок. Мислам дека имавме многу врска со тоа. Мислам дека би било одлично ако се сретнат – треба да го завршат тоа“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, објави „Скај њуз“.

Тој потсети дека претходно ја поддржувал идејата за трилатерален состанок, на кој би учествувале тој, Путин и Зеленски.

Претседателот на Украина денес испрати отворено писмо до рускиот претседател Владимир Путин, во кое вели дека Украина е подготвена да ја заврши војната и да одржи директни преговори на ниво на лидери, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ