вторник, август 4, 2026
Дома СВЕТ Трамп и Ал Тани разговараа за напредокот во преговорите со Иран

Трамп и Ал Тани разговараа за напредокот во преговорите со Иран

0
ЕPA/MAXIM SHEMETOV / POOL

Катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, и американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучувајќи ги и напорите за „деескалација на тензиите“ меѓу САД и Иран, како и начините за „премостување на јазот“ во нивните позиции, соопшти канцеларијата на Ал Тани.

Во соопштението се вели дека Трамп ја пофалил улогата на Катар во дипломатските напори на земјата, додека Ал Рани ја нагласил потребата од континуиран дијалог и сите страни да се придржуваат до Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран договорен кон средината на јуни, објави Ал Џезира.

Порано денес, АП објави дека Иран и Оман постигнале напредок во преговорите за повторно отворање на Ормутскиот теснец, што би можело да доведе до намалување на интензитетот на војната на Блискиот Исток.

ИЗДВОЕНИ