среда, јануари 28, 2026
Дома СВЕТ Трамп блокирал помош од 50 милиони долари за кондоми за Газа

Трамп блокирал помош од 50 милиони долари за кондоми за Газа

59

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, го замрзна федералното финансирање во кое е вклучена и помош од 50 милиони долари наменети за дистрибуција на кондоми во Газа, според прес-секретарот на Белата куќа, Каролин Левит.

-ДОГЕ и ОМБ, исто така, открија дека имало околу 50 милиони долари од даночните обврзници со кои требало да се финансира набавка на кондоми за Газа. Тоа е бесмислено трошење пари на даночните обврзници, рече таа и додаде дека средставта се блокрани непосредно рпед исплатата.

Кондомите во хуманитарна помош се користат за здравствени и репродуктивни цели.  Меѓународната федерација за планирано родителство реагираше дека на Палестинците „систематски им се ускратува сексуалната и репродуктивната здравствена заштита и права“.

Но, замрзнувањето на средствата од администрацијата на Трамп сега е привремено блокирано од федерален судија.

ИЗДВОЕНИ