Американската веб-страница „Дејли бист“ денеска пишува деја на новинарско прашање „Кога го гледате на позицијата на иден папа?, американскиот претседател Доналд Трамп одговорил без колебање: Иден папа? Би сакал јас да бидам папа“.
„Тоа би бил мојот прв избор“, додал тој.
Известувачот повторно го прашал Трамп кого би сакал да види на местото на сега упокоениот папа Франциск, кој почина минатиот понеделник во 88-та година од животот.
„Не, не знам, немам преференции“, рекол Трамп, а потоа го пофалил надбискупот на Њујорк, кардиналот Тимоти Долан.
Трамп се смета себеси за „христијанин кој не припаѓа на ниту една посебна група (деноминација)“ во рамки на христијнанската религија.
Папата се избира на претстојната конклава од 135 кардинали со право на глас на Католичката црква – најголемата во нејзината историја. Кардиналите под 80 години можат да гласаат и да бидат избрани за нов папа. Конклавата – состанок на кардиналите зад затворени врати во Систинската капела во Ватикан – започнува следната среда, 7 мај.
Кардиналите гласаат тајно онолку пати колку што е потребно за да го изберат папата со двотретинско мнозинство. Тие го пишуваат името на кандидатот што го сакаат на гласачките ливчиња.
По сложена постапка, првото гласање би можело да се одржи на 7 мај навечер, а во следните денови се можни до четири гласања дневно – два наутро и два попладне.
По неуспешно гласање, од оџакот на Систинската капела излегува црн чад, а штом папата биде избран, чадот ќе биде бел. Чадот се создава со горење на гласачки ливчиња измешани со хемикалии за да се биде црн или бел.
Папата Франциск беше избран во 2013 година на вториот ден од конклавата, на петтото гласање на кардиналите од почетокот на процесот.
Изборот на папата ќе одреди дали Католичката црква ќе продолжи по релативно прогресивниот пат што го зацрта папата Франциск или ќе се врати на по традиционалната доктрина, заклучува „Дејли бист“.