Трагична сообраќајна несреќа во Нови Сад: Возач излетал од патот и повредил четири лица, од кои 3 се малолетници

312

Возач кој вечерва излетал од патот во Нови Сад повредил четири лица, од кои тројца се малолетници, објави порталот 021.

Според неофицијални информации, несреќата се случила кога возачот на автомобилот излетал од патот и налетал на група млади луѓе на автобуска станица на улицата Темеринска.

Шеснаесетгодишно девојче е повредено и пренесено во Детската болница на операција, 17-годишно момче се здобило со сериозни политрауматски повреди и е донесено во Детската болница во свесна состојба, каде што е лекувано и друго 17-годишно момче, според порталот 021.rs.

Повреден е и 19-годишен младич, кој е префрлен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина во свесна состојба.

Полицијата сè уште не објавила соопштение за оваа несреќа.

ИЗДВОЕНИ