понеделник, јуни 8, 2026
Дома БАЛКАН Трагичен инцидент во училиште во Хрватска: Деветгодишник се задави со храна за...

Трагичен инцидент во училиште во Хрватска: Деветгодишник се задави со храна за време на голем одмор – го анимирале 50 минути

359

Деветгодишен ученик во основно училиште во Велика Горица почина вчера откако се задави со парче крофна за време на одмор, објавува RTL Danas.

Трагедијата се случила околу 15 часот за време на училишниот одмор. Според информациите што му ги дале на директорот учениците и наставниците, момчето изело премногу храна, а потоа почнало да се дави.

Наставниците веднаш му притрчале на помош, повикале брза помош и започнале со реанимација.

Дежурната докторка во Загребскиот жупански завод за итна медицинска помош, Сања Кос, која учествуваше во интервенцијата, опиша што се случило.

„Детето беше многу немирно, живо, скокаше, се смееше. Јадеше крофна и очигледно вдиша големо парче во дишните патишта. Децата што беа до него рекоа дека посинело, престанало да дише и ја изгубило свеста и се струполило“, изјави Кос за RTL.

Кога екипата за итни случаи пристигнала во училиштето, наставниците веќе вршеле масажа на срцето и вештачко дишење.

„Детето веќе посинело и не реагирало на повикот или допирот. Не дишеше и срцето не му чукаше. Продолживме со постапката за реанимација, но во еден момент забележавме одредени знаци на смрт. Прекинавме со реанимацијата во 15:35 часот“, рече докторката.

Според докторката, реанимацијата, која ја започнале наставниците, а потоа ја продолжиле и персоналот за итни случаи, траела помеѓу 45 и 50 минути.

„Направивме сè што можевме, од напредни мерки за реанимација до давање лекови и реанимација. Сите ни е исклучително жал. Искрено сочувство до семејството“, рече Кос.

Таа додаде дека случаите на задушување со храна, иако ретки, се случуваат и дека е важно навреме да се препознае дали станува збор за лесна или тешка форма на задушување и веднаш да се примени прва помош.

Директорката на училиштето, која, според RTL, е исклучително потресена од настанот, не сакаше да се појави пред камерите.

Поради трагедијата, кризниот тим на Министерството треба да пристигне во училиштето денес за да им пружи психолошка помош на учениците и училишниот персонал.

ИЗДВОЕНИ