сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Трагичен инцидент во Египет: Во напад од ајкула настрада еден турист, а...

Трагичен инцидент во Египет: Во напад од ајкула настрада еден турист, а друг е повреден

176
Фото:википедија

Еден турист загина, а друг е повреден во напад на ајкула во египетското одморалиште Марса Алам, соопшти денеска египетското Министерство за заштита на животната средина.

Засега не е соопштен идентитетот на нападнатите туристи, пренесе Ројтерс, пренесува Танјуг.

Марса Алам се смета за едно од поновите одморалишта во Египет, а се наоѓа на западниот брег на Црвеното Море.

Се наоѓа јужно од Хургада, на оддалеченост од 275 километри.

ИЗДВОЕНИ