вторник, јули 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Трагичен епилог на потрагата: Пронајден мртов исчезнатиот овчар од село Форино

Трагичен епилог на потрагата: Пронајден мртов исчезнатиот овчар од село Форино

107

Со трагичен епилог заврши потрагата по исчезнатиот 63-годишен маж од селото Форино, по кого полицијата, пожарникарите и жителите трагаа во текот на целата ноќ. Според информациите, исчезнувањето било пријавено синоќа околу 21:30 часот, откако семејството пријавило дека тој не се вратил дома и не можеле да стапат во контакт со него.

Мажот работел како овчар во бачило во околината на Врапчиште, поради што веднаш била организирана теренска потрага во поширокиот регион. Во акцијата учествувале полициски службеници, пожарникари од Гостивар, како и граѓани кои се вклучиле во обидот да се пронајде исчезнатото лице.

По речиси 9 часа потрага, утрово околу 6 часот, 63-годишникот бил пронајден без знаци на живот на територијата на Врапчиште, во близина на пат кој моментално го гради приватна компанија. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, каде лекар констатирал смрт. Телото е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

ИЗДВОЕНИ