Како што се приближува 30 мај така расте интересот за меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“. Годинашното јубилејно издание, со кое се одбележуваат 50 години постоење, ветува дека ќе биде едно од најпосетените и најквалитетни досега.

Својот настап на турнирот веќе го потврдија врвни натпреварувачи од над 10 земји. Овој број е потврда за меѓународното реноме на настанот, кој е официјално препознаен и во календарот на „United World Wrestling“.

  • Интересот за учество е одличен показател дека „Македонски бисер“ и по 50 години останува референција за борачкиот спорт во регионот. Очекуваме извонредна атмосфера и врвни борби – велат од Организацискиот одбор.

Турнирот ќе опфати повеќе боречки категории и дисциплини во слободен стил, овозможувајќи динамична и квалитетна спортска програма во текот на целиот ден.

Борбите ќе се одвиваат во целосно реновираната сала на БК Бучим, која во јануари 2025 година доби нов под и модернизирани трибини според највисоките стандарди.

Покрај официјалниот натпреварувачки дел, кој ќе се пренесува во живо на МРТВ и дигиталните канали на БК Бучим, на платото пред СРЦ „25 Мај“ ќе биде организирана забавна зона, каде што публиката ќе може да ужива во богата забавна програма. На платото пред салата се предвидени фан-зона со храна, музика, игри за децата и голем музички настап на Пајак и Лара. Влезот на настанот е слободен за сите посетители.

Домаќин на настанот е боречкиот клуб Бучим, под покровителство на Боречката федерација на Македонија и Општина Радовиш.

ИЗДВОЕНИ