среда, јули 29, 2026
Дома БАЛКАН Трагедија во Албанија: Мајка и две деца настрадаа во пожар што зафати семејна...

Трагедија во Албанија: Мајка и две деца настрадаа во пожар што зафати семејна куќа во Скадар

33

Мајка и нејзините две малолетни деца ги загубија животите во пожар што зафати семејна куќа во Скадар, Албанија.

Според A2CNN, кои ги објави „Коха“, на местото на несреќата е пронајдена плинска боца, а се сомнева дека нејзин дефект го предизвикал пожарот.

Полицијата објави дека трагедијата се случила околу 13:10 часот во среда.

„Како резултат на пожарот, животот го загубија 24-годишната Б. Ч. и нејзините две деца, на возраст од три и една и пол години“, се вели во полициското соопштение.

Полицијата и пожарникарите веднаш пристигнаа на местото на настанот, кои работат на локализирање на пожарот и обезбедување на местото на несреќата.

ИЗДВОЕНИ