вторник, јуни 16, 2026
Дома БАЛКАН Трагедија на Евија: Девојка (21) почина откако ја каснала оса

Трагедија на Евија: Девојка (21) почина откако ја каснала оса

502

Дваесет и едногодишна девојка почина вчера во Грција, на остовот Евија, откако ја каснала оса! Девојката вчера била донесена во Здравствениот центар Псахна, а според медиумските извештаи, таа била во несвест.

Според членовите на нејзиното семејство, девојката наводно била касната од оса кратко пред да се и се слоши. Лекарите во Здравствениот центар веднаш започнале неколкучасовни обиди за реанимација, применувајќи ги сите пропишани медицински протоколи, но и покрај нивните напори, не можеле да ја вратат во живот.

Според достапните информации, 21-годишната девојка пристигнала во здравствената установа во исклучително тешка состојба.

Овој случај предизвикал голема загриженост кај членовите на семејството, како и кај персоналот на Здравствениот центар, поради што полицијата била повикана на местото на настанот.

Телото на починатата млада девојка било префрлено во болницата во Халкида, каде што ќе се спроведат пропишаните процедури. Точната причина за смртта ќе се утврди со обдукција.

ИЗДВОЕНИ