Двајца пожарникари, на возраст од 23 и 44 години, загинаа денеска, а еден е повреден откако се урна дел од напуштена зграда додека интервенирале во пожар во Зефири, во општината Фили, близу Атина.
Пожарот избувнал околу 11:40 часот во зграда на улицата „Казантони“, објави „Прототема“, пренесува „Танјуг“.












