недела, септември 20, 2026
Дома СВЕТ Тешка сообраќајна несреќа на патот Битола-Прилеп: Во судир на две патнички возила,...

Тешка сообраќајна несреќа на патот Битола-Прилеп: Во судир на две патнички возила, животот го загуби 17-годишна девојка, а 4 лица се повредени

0

Тешка сообраќајна несреќа се случила на патот Битола–Прилеп, кај местото викано „Туланата“, при што животот го загубила 17-годишна девојка.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 19 септември 2026 година во 18:29 часот во СВР Битола. Во несреќата учествувале патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф. (28) од село Канатларци, прилепско, и патничко возило „форд“, исто така со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (48) од село Долно Српци, општина Могила.

На местото на несреќата починала 17-годишната сопатничка од „опелот“. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Битола.

Возачот на „опелот“, Е.Ф., како и 44-годишната Д.Н. и седумгодишно дете, сопатници во „фордот“, се здобиле со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Битола.

Со повреди се здобил и 48-годишниот возач на „фордот“, М.Н.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.

ИЗДВОЕНИ