Објектот „Бамби“ во рамките на детската градинка „Срничка“ на територијата на Општина Аеродром првпат добива термофасада, со што значително ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот, ќе се намалат трошоците за загревање во зимскиот период и ќе се обезбедат попријатни услови за престој во текот на топлите летни денови.
– Станува збор за значајна инвестиција што се реализира како донација и што ќе придонесе за помодерен, пофункционален и поекономичен објект, создавајќи подобра средина за престој и развој на децата. Нашите најмали заслужуваат безбедни, современи и квалитетни услови во кои ќе растат, ќе учат и ќе ги создаваат своите најубави детски спомени. Токму затоа продолжуваме со вложувањето, кое директно го подобрува нивното секојдневие – потенцираат од Општина Аеродром.












