понеделник, јуни 22, 2026
Дома СКОПСКА Поставени шах-маси со седишта на пет локации во Карпош

Поставени шах-маси со седишта на пет локации во Карпош

18

Општина Карпош постави нови шах-маси со седишта на повеќе локации на своја територија, создавајќи отворени простори каде што граѓаните од сите генерации може да се дружат и да уживаат во оваа древна интелектуална игра.

Шах-маси се поставени во урбаните заедници „Влае“ – плоштад „Делфина“, „Пецо Божиновски-Кочо“ – кај бротчето и „Кузман Јосифовски-Питу“ – кај споменикот, потоа на платото кај Млечен ресторан и кај фонтаната во Карпош 3.

Проектот ќе продолжи и во другите урбани заедници, со цел уште повеќе жители да добијат можност за рекреација, дружење и квалитетно поминато време во своето маало.

 

ИЗДВОЕНИ