Товарен брод беше погоден од ракета во близина на Ормускиот теснец, клучна бродска рута што стана жариште во конфликтот поврзан со Иран, соопшти британската Поморска Трговска Операција (UKMTO), што е третиот брод погоден во областа од утрово.
Според UKMTO, бродот бил погоден од „непозната ракета“ додека се наоѓал на околу 50 наутички милји северозападно од Дубаи, објави CNN. Во инцидентот нема повредени членови на екипажот.
Според UKMTO, вкупно 13 бродови биле нападнати во регионот откако започнал конфликтот.
Друг товарен брод беше погоден од непозната ракета во Ормускиот теснец порано денес, предизвикувајќи пожар, а екипажот беше евакуиран.
Не е познато кој ја испалил ракетата, но бродот побарал помош и екипажот беше евакуиран, објавува Гардијан.
Претходно, товарен брод во Ормутскиот теснец беше погоден, исто така од непозната ракета, на околу 46 километри од брегот на Обединетите Арапски Емирати.
Се наведува дека бродот бил оштетен, но сите членови на екипажот се безбедни и им е пружена помош, а UKMTO не понуди дополнителни детали.
Танкерите не поминале низ теснецот повеќе од една недела, а производителите биле принудени да го прекинат производството додека се полнат резервоарите.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе ја ескалира војната со Иран ако таа земја ги блокира испораките на нафта од Блискиот Исток, додека предвиде брз крај на конфликтот.












