сабота, јуни 6, 2026
Дома СПОРТ Таткото на големата ѕвезда го „најави“ трансферот во Реал (М)!

Таткото на големата ѕвезда го „најави“ трансферот во Реал (М)!

236
Фото: epa

Шпанскиот интернационалец од редовите на Манчестер Сити, Родри, долго време е желба на Реал (М). Поранешниот најдобар играч на светот беше поврзуван со „кралскиот клуб“ во претходните години, но трансферот не се случи.

Сепак, можеби е дојде и тој момент за да ги напушти редовите на англискиот премиерлигаш и по седум години да се врати дома.

Неговиот татко Антонио Ернандез зборуваше за можниот трансфер на Родри и беше видливо расположен кога разговараше со шпанските новинари.

„Сега ме освоивте со сите тие микрофони“, изјави Антонио Хернандез, а потоа за иднината на својот син рече:

„Ако кажам нешто, ќе морам да ве убијам. Навистина не можам да кажам ништо освен дека е среќен таму каде што е.“

Кога беше директно прашан за доаѓањето на неговиот син во Реал (М), Антонио Ернандез рече: „Ќе разберете дека е потребна дискреција во овие ситуации. Навистина не знам ништо, но историјата мора да се напише“.

Дефанзивниот играч за врска е член на Манчестер Сити веќе седум години и освои сè што можеше, а во 2024 година ја освои „Златната топка“ на Франс фудбал.

Родри помина низ младинските редови на Атлетико (М), но созреа како играч во дресот на Вилјареал. По авантурата со „жолтата подморница“, Родри се врати во Атлетико (М) каде остана само една сезона бидејќи Сити го купи за 70 милиони евра.

И покрај незгодните повреди кои ги имаше во последниот период, Родри може да се пофали со одиграни 285 натпревари за Сити, на кои постигна 27 погодоци и додаде 32 асистенции.

 

 

ИЗДВОЕНИ